
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие поради злоупотреба на постапка за јавен повик
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Г. (54) од Битола, поранешен директор на јавното претпријатие „Стрежево“ во Битола поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно -приватно партнерство", предвидено и казниво по чл.275 в ст.а, а во врска со чл.45 ст.1 „продолжено кривично дело" од КЗ.
Пријавениот во временскиот период од 17.03.2023 до 29.05.2024, при изведување на работите за изградба на фотонапонска електрична централа со максимална инсталирана моќност од 500 кв, во близина на браната на акумулационото езеро Стрежево од хидро системот на ЈП „Стрежево“, лоцирана во с.Црновец, битолско, кога изведувачот на проектот од Скопје не ги исполнил временските рокови за изградба на фотонапонската електрична централа по фази, пријавениот свесно ги повредил прописите и спротивно на чл.101 ст.6 т.4 од Законот за јавни набавки, иако бил должен, не ја активирал банкарската гаранција од 50.000 евра. Пријавениот, исто така, по завршување на обврските на изведувачот, не му ја исплатил целата сума од договорот од 22.534.016 денари , туку делумно, односно 3.356.012 денари, со што му нанел штета на јавното претпријатие во износ од 3.356.012 денари, вклучувајќи ги тука и затезните камати и други трошоци.
Исто така, пријавениот на 10.07.2023 дал налог да се изврши исплата на фактура од 7.767.008 денари кон истиот изведувач, без да биде целосно завршена работата од договорот, со што свесно ги пречекорил границите на своето службено овластување, свесно нанесувајќи штета на претпријатието од 3.056.000 денари. На 10.05.2024 пријавениот самостојно, без да ги ангажира соодветните служби, изготвил и доставил фактура од 1.294.501 денари до истиот изведувач како договорна казна за задоцнување или неисполнување на договорот, со што свесно ги пречекорил своите граници на службеното овластување.