2win800x200

Возач и сопатник на мопед се тешко повредени при судир со „бмв“ кај Црн Мост во Битола

Јули 03, 2025
фото архива А.Б фото архива А.Б

На 02.07.2025 во 15.22 часот во СВР Битола е пријавено дека на кружен тек од ул. „Булевар 1 Мај“, ул.„Марко Цепенков“ и ул.„Девеани“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(41) од Кичево и мопед „лонгија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од А.И.(22) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговата сопатничка С.И.(50) од Битола, констатирани во  Клиничка болница Битола. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани