АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од лажго до манекен, од воспитани и невоспитани со лични проблеми советниците Борче Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ и Борче Корлевски од СДСМ го допреа дното на политичка коректност откако на последната седница на Совет на која се разговараше за развојните програми на Општина Битола за наредните три години дискусијата ја сведоа на улична кавга со груби навреди и лични квалификации. Дискусијата се вжешти околу Офицерскиот дом во Битола, неговата реконструкција и намерите за продажба за време на ВМРО-ДПМНЕ .
Во својата дискусија советникот Борче Димитровски рече дека власта за проектот ревитализација на Офицерскиот дом потрошила една година , а сработила „нула“.На ваквата реторика Корлевски возврати дека токму Димитровски во периодот додека бил претседател на локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во Битола учествувал во намерата за продажба на Офицерски.
-Најголемо лицемерие е претседателот на тогашното владеачко локално раководство во Битола заедно со тогашниот премиер кој сега си е во прошетка надвор, онаму во Унгарија, да не убедуваат дека ќе го реконструираат Офицерски. Абе сакаа да го продаваат Офицерски! Истиот тој безочно што излегува сега и вели дека „лажите“. Абе срамота е колега. Срамота е тука за личност која што сакаше да го продава како политика Офицерски ... Значи ќе го продаваше Офицерски заедно со тогашниот градоначалник. Да го продадеш и да го отуѓиш од граѓаните на Општина Битола, заедно со тогашниот градоначалник Владимир Талески и тогашниот премиер. Е сега Офицерски ќе се реконструира и ќе се реализира , рече од говорницата Борче Корлевски од СДСМ.
На оваа реторика Димитровски довикуваше од место-Господине Корлевски погледни се самиот себеси…
А Корлевски од говорница прашуваше-Како изгледам колега? Како изгледам господине манекен?
Димитровски ја продолжи дискусијата од говорница нарекувајќи го Корлевски лажго и манипулатор.
-Вистината боли и навистина ми е драго што со ваква жештина беше даден одговор на моите аргументирани тези, еден од другите колеги говореше за пуштење на нозете до кај што стига черџето, е па сега тоа тука беше за ресусрсите и средствата на Општина Битола, а некој тука треба да си размисли кога дисквалификува некого да си се погледни самиот себе, па потоа да започне да се расфрла со различни аргументи за некои работи. Точно, јас бев претседател на партијата кога имаше оглас за продажба на Офицерски.Точно е дека Офицерски не се продаде , како што е точно дека и не се реконструира, меѓутоа точно е и дека во вашата памфлет програма имаше шарени лаги и вие грубо и како советник на собирите ги манипулиравте и лажевте граѓаните најбезочно дека ќе спроведите проекти коишто нема да ги направите, што ве прави лажго и манипулатор, рече Димитровски.
Кавгата продолжи со реплика на Корлевски-Во однос на моето воспитување и во однос на тоа како изгледам кажуваат моите родители, најблиски пријатели, мојата сопруга, а тоа за вас не можам да го карактеризирам. Оти знаете зошто? Значи имате свој личен проблем, зборуваше Корлевски.
Претседателот на Совет Валентин Груевски и покрај неколкуте обиди да ја спречи ова дискусија не успеа иако довикуваше- „ве молам да го почитувате Советот, инстутуцијата на која што сите вие сте членови“ .