2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

СЕ ИСПИТУВА ОД ШТО ЗИНАЛА ЗЕМЈАТА КАЈ ХОТЕЛ БИТОЛА

Март 25, 2019

Вработени од хотел „Битола„ денес со лопати во рацете и земја се обидуваа да ја затрупаат дупката што зина во близина на хотелот. Таа е со пречник околу половина метар, длабочина околу два метри, а во внатрешниот дел исполнета е со вода. Засега не се знае од што точно се појавила, но претставува опасност зашто во хотелот престојуваат и стари лица, а на околу има згради, центри за едукација на деца и други фирми. На парче картон поставен е натпис „пази дупка“, но тоа како да го привлекува уште повеќе вниманието на минувачите, па сите ѕиркаат да видат што има внатре. Тоа е опасно бидејќи околното земјиште се лизга.

 

Вработени од хотелот претпоставуваат дека се работи за стара септичка јама или бунар низ годините затрупани, па сега најверојатно горниот дел од земјиштето се лизнал.

Од Јавното комунално претпријатие „Нискоградба“ веќе извршиле увид на местото. Се испитува од што настанала дупката за да можат да се преземат соодветни мерки за нејзина санација. Можно е да се подземни води, а во близина на дупката минува и канлизација, но водата со која е исполнета не мириса на фекалии, односно е чиста.54436099 2258414631081418 3114294929656905728 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани