2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Со стари снимки се обидуваат да прикажат нова еколошка катастрофа во Преспа

Јуни 19, 2019

Со стари снимки и слики од пред два месеца, направени од битолски новинари, одредени медиуми во Скопје се обидуваат да пркажат нова еколошка катастрофа од фрлени јаболка низ Преспа. Имено, се објавуваат снимки како нивите, реките, каналите и езерото се преплавени од фрлени јаболка, а тоа всушност не е сегашна состојба. На една до снимките е и новинар од Битола кој материјалот што сега го вртат без негова дозвола, го снимал пред два месеца, кога ситуацијата со фрлените јаболка поради немањето пласман беше аларматна.

64787093 2237211593041833 8798018172578955264 n

Љубе Пампулевски од Здружението на овоштари „Благој Котларовски“ во Ресен вели дека тоа се ситуации од пред два месеца и дека сега при крај е целата работа. Останати се минимални количини јаболка, со нив не можат доколку се фрлат, да се напролнат големи површини како овоштарници, канали и слично. Дел од родот што остана е скапан, а дел заминал за Бугарија.

Овоштарите лани имаа многу тешка година заради енормниот род на јаболкниците, дел од реколтата кој не можеше да се откупи ја исфрлија по реките и каналите, па заврши во Преспанското Езеро. Но, тоа беше пред два месеца, а не сега на сам старт на туристичната сезона. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани