2win800x200

Жител на Дихово уапсен за дрога

Април 24, 2020

Три лица кај кои била пронајдена дрога биле уапсени вчера во Скопје и Битола.

На 23.04.2020 во 11:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Лондонска“, го лишиле од слобода М.М.(24) од с.Сарај, скопско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Во меѓувреме околу 16:50 часот во близина на бензинска пумпа во Битола од полициски службеници од СВР Битола, по претходна наредба од Основен суд Битола, ги лишиле од слобода А.Н.(39) од с.Дихово, битолско, и А.И.(20) од Куманово, бидејќи при преглед над возило и на пријавените, била пронајдена марихуана.

Истиот ден во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Илинден“, го лишиле од слобода Г.С.(33) од Скопје, затоа што при извршен преглед и кај него била пронајдена марихуана. 

По документирање на случаите ќе бидат преземени соодветни мерки и ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани