2win800x200

Со повреди по целото тело најден е исчезнатиот битолчанец во провалија на Тумбе Кафе

Мај 15, 2020

 Со видливи повреди по целото тело, но со знаци за живот најден е исчезнатиот битолчанец кој семејството го  бараше два дена. Лицето е пронајдено во провалија на Тумбе Кафе и сега е пренесен  во Битолската клиничка болница. 

-Лицето кое се водеше како исчезнато од 13.05.2020 г., е пронајдено од страна на Тимот за спасување од планина на Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со припадниците на МВР-СВР Битола. Дирекцијата за заштита и спасување известува дека лицето е пронајдено паднато во провалија на местото Тумбе Кафе. Лицето е пронајдено со видни повреди по целото тело и покажува знаци на живот и со возило на Итната медицинска помош е пренесено во Битолската болница.

970

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани