Почина битолчанецот кој пред четири дена беше најден во провалија на Тумбе Кафе

Мај 20, 2020

 Синоќа починал битолчанецот Владимир Поповски (85) кој минатата недела  се водеше за исчезнат и  беше најден под Тумбе Кафе. Старецот исчезна на 13 мај, а по два дена на 15 мај беше најден со тешки телесни повреди паднат меѓу дрвја на Тумбе Кафе и веднаш хоспитализиран во Битолската болница. После нецели четири дена битолчанецот им подлегна на повредите. Дирекцијата за заштита и спасување од Битола која учествуваше во потрагата извести дека лицето е пронајдено паднато во провалија  со видливи повреди по целото тело , но дека покажувало  знаци на живот и со возило на Итната медицинска помош итно беше  пренесено во Битолската болница. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани