2win800x200

Парични казни за седуммина битолчани за непочитување на полицискиот час

Јуни 08, 2020

Парични казни за седуммина битолчани бара Основното јавно обвинителдтво за непочитување на полицискиот час.

Обвинетите  не постапилe според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на пандемијата од КОВИД 19.

Тие во одделни кривично правни настани за време додека забраната за движење на населението на целата територија на државата била во сила,  биле затекнати од полициски службеници од СВР Битола како се движат пеш или со возила без притоа да поседуваат дозвола за движење.

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, обвинителството му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја дневна глоба во износ од по 20 евра во денарска проиввредност.​

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани