(Видео)Битолчани бараат спас од моторџии кои дивеат во попладневните и ноќните часови

Август 30, 2020

Битолчани, посебно во летните месеци, немаат мир од несовесни млади моторџии кои дивеат по улиците низ градот. На главните сообраќајници има ноќни трки па се создава неподнослива бука од која е невозможно да се спие. Граѓаните се жалат и на социјалните мрежи, па споделуваат искуства од различни локации низ Битола. Реагираат жителите кои живеат   и во центарот на градот, каде неподнослива е буката што одекнува низ тесните улички со збиени куќи

-Несовесни моторџии го реметат редот и мирот на граѓаните во Битола, посебно во попладневните и доцните ноќни часови, се изживуваат на разни начини со нивниот неконтролиран бес. Премногу бука, немаме мир.  Надлежните да се справат со овие непожелни работи за сите нас, пишува една битолчанка.

 

За да се реши овој проблем граѓаните предлагаат поголемо присуство, почести контроли на сообраќајната полиција и казни за несовесните млади моторџии
 
- Полицијата да спроведува акции и да контролира со која брзина возат и каков ауспух имаат овие мотори, вели друг битолчанец.
Не само што има ноќни трки со мотори, кои се вистинска опасност за сите учесници во сообраќајот, затоа што се вози бесно, се минува и јога на семафорот има црвено светло, туку се изведуваат и разни акробации со бучните мотори. За овие опсни "игри" младите моторџии не носат ниту кациги. 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани