Несовесни млади од амфитеатарот на Тумбе Кафе прават депонија

Септември 09, 2020

 

Несовесни млади битолчани од амфитеатарот на Тумбе Кафе секоја вечер прават депонија. Забавите на овие несовесни битолчани завршуваат со купишта ѓубре расфрелно насекаде, по скалите, по тревата, а се кршат и уништуваат и камените плочи. Стаклените шишиња се расфрлени и искршени наоколу, а сликите од ова место секој ден се полоши и полоши . Повозрасните битолчани кои наутро пешачат до Тумбе Кафе се ужаснати од глетката.

-Свеста на младите во однос на отпадот и загадувањето  е на многу ниско и загрижувачко ниво, секое сабајле амфитетарот е полн со ѓубре со шишиња од нивните пијанчења. Ние повозрасните им го собираме ѓубрето, бидејќи жалосно е да се гледа како се уништува просторот , велат нашите соговорници и апелираат до битолската полиција навечер да ги засили контролите на Тумбе кафе и на Градското шеталиште каде несовесни млади лица уништуваат и крашат на спортските терени и во паркот. 

119073043 2768659843379568 1396388791635068577 n

119060829 645533799726269 1181590792197784074 n

119096366 321735488916642 7564838028142534530 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани