2win800x200

Глутници кучиња скитници лаат по минувачите и автомобилите низ Битола

Септември 04, 2020

 

Секојдневно битолчани се сведоци на глутница кучиња скитници кои лаат по минувачите, и по автомобилите на повеќе фреквентни локации низ градот, како и на Широк Сокак. На  фотографиите кои нашите читатели ги испраќаат од  локациите кај Новиот градски пазар и Веро маркетот, велат дека се сведоци како по десетици кучиња од едната и другата страна на улицата „Васко Карангелески“ сеат страв меѓу минувачите, особено децата. Кучињата лаат по  минувачите и лаат и по автомобилите со што влегуваат во коловозните ленти. 

Дополнителен проблем е што кучињата скитници ги вознемируваат и вдомените кучиња кои сопствениците ги шетаат особено во вечерните часови. 

Битолчани се жалат дека и навечер не можат да спијат од лаењето на кучињата скитници и дека со велосипед не можат да поминат покрај нив возејќи. Граѓани револтирани бараат брза реакција од надлежните за надминување на оваа состојба.

118888628 786621501879868 8351139181248559006 n

118774504 1758632460962423 8426469339510670842 n   

118773003 2964166543688073 2128461980907719551 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани