Во текот на ноќта, непознати сторители го оштетиле и уништиле терминалот за наплата на паркинг просторот кај поранешен „Јавор“ во Битола.
Вработените од ЈП "Паркинзи" веднаш ја известиле полицијата откако го забележале оштетувањето, која изврши увид на лице место и се трага по непознатите сторители.
Целосно е оштетена терминалната единица за наплата на паркинг просторот, со што на јавното претпријатие „Паркинзи“ му е предизвиката штета од околу 5000 евра во денарска противвредност.