АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Непознат сторител, во периодот од 29 до 31 мај, извршил тешка кражаба во џамија на улицата Рајко Жинзифов во Битола. Со употреба на сила и подесен алат, засега непознато лице влегло во дворот на џамијата и украло 39 парчиња ролни од олово, секоја тешка по 40 килограми. Настанот во полиција бил пријавен на 31 мај, а од СВР Битола информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден се случила уште една кражба, овојпат во млекарница во Битола. Како што информираат од Полицијата, на 31.05.2021 во СВР Битола било пријавено дека непознат сторител влегол во млекара на ул.„Кирил Вангелов Македонски“ во Битола и одзел пет бакарни цевки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.