2win800x200

АПЕЛ-Малолетници со велосипеди и мопеди да ги почитуваат правилата во сообраќајот, зачестија сообраќајните незгоди

Јуни 10, 2021

 

Зачестија сообраќајките со велосипеди, мопеди и други превозни средства во кои учесници се малолетници. Билтените на СВР Битола се полнат со извештаи за сообраќајни незгоди во кои малолетниците се со полесни и потешки повреди. Од Битолската полиција апелираат до родителите да разговаат со своите деца и да ги предупредат за можните последици доколку не се почитуваат правилата во сообраќајот.  

-Со оглед на затоплувањето на времето и зачестеното користење на велосипедите, велосипедите со мотор, мопеди, трицикли, четирицикли, пред се од страна на малолетници, а и последните случувања со сообраќајните незгоди во кои учесници се малолетни лица (секојдневно во билтен имаме по еден настан со малолетник учесник во незгода)  апелираме пред се до родителите да проработи свеста со што се може да се соочи нивното дете во сообраќајот, со сите ризиците кои доаѓаат сами по себе доколку не се почитуваат препораките. Аплираме да се подигне свеста кај родителите и учесниците во сообраќајот, апелираат од СВР Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани