2win800x200

Членови на битолскиот огранок на Социјал демократскиот сојуз и граѓани со цел да дадат придонес за ублажување на економската криза обезбедија прехрамбени продукти и хемиски средства за хигиена кои како донација му ги донираа на Здружението на пензионери од Битола. Спакувани во педесет пакети донацијата ја прими претседателот на здружението на пензионери од Битола, Томе Димитровски. Тој заедно со членови на извршниот одбор на Здружението на пензионери донацијата му ја предаде на Општинскиот одбор на Црвениот крст кој преку своите волонтери ќе им ја достави на пензионери со ниски примања и социјални случаи. Се очекува ваквиот отег да биде пример и други асоцијации и поединци да дадат придонес за намалување на последиците создадени со пандемијатаи коронавирусот.доманија 2

домација

„Оние кои се најодговрни за состојбата во која што ни ја оставија Битола, урнисана и ограбена, денеска ќе дојдат на разговори со битолчани“, рече денеска на прес конференција Жаклина Нуамовска, советник од СДСМ и секретар на општинската организација на партијата, по најавата дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на Широк Сокак ќе разговараат со граѓаните за обнова на Битола.

Рехабилитацијата на дел од патот Битола-Демир Хисар е  завршена, а за оваа делница во должина од 10 километри, потрошени се 1 милион евра. Градежните работи траеа 8 месеци

Последното објавеното видео на италијанскиот медиум во ниеден момент не укажаува ниту на директна, ниту на индиректна вмешаност на премиерот Зоран Заев во случајот „Рекет“, но, станува јасно дека единствена цел на овие снимки е токму тој да биде дискредитиран, рече на денешаната прес конференција Борче Корлевски, од СДСМ-Битола. Од партијата повикуваат надлежните да ја забрзаат истрагата и секој кој е вмешан да одговара.

Бегалецот Мицкоски, кој вчера побегна од лидерска средба, поучен од неговиот ментор – бегалецот Груевски, како ноќна птица долета во Битола за да слави роденден на ненародна партија која наместо народните, во прв план ги става личните интереси, обвини на денешната прес конференција Борче Корлевски , портпарол на СДСМ -Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани