АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Рехабилитацијата на дел од патот Битола-Демир Хисар е завршена, а за оваа делница во должина од 10 километри, потрошени се 1 милион евра. Градежните работи траеа 8 месеци
„Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат делницата Битола -Демир Хисар во должина од 10 километри и тоа , денес, со задоволство сакаме да и соопштиме на целата јавност. Овој зафат е со вредност од над 1 милиони евра кои беа обезбедени од светска банка. Со градежните активности се започна во декември 2018 година, а во август оваа година делницата е комплетно завршена. Како одговорна политичка партија, ги исполнуваме ветувањата што ги дадовме пред граѓаните. Ветивме и интензивно работиме на унапредување на целокупната инфраструктура. Изградбата на нови патишта, модернизацијата на патната мрежа и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот се врвен приоритет за СДСМ и Владата која ја предводи, изјави на прес-конференција Емилија Костурски од СДСМ Битола.