
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Веднаш по назначувањето на нови членови на управните и надзорните одбори во локалните јавни претпријатија, локалните институции и училиштата ќе се назначат и нови директори кои во најголем дел ќе бидат вршители на должност, вели пратеникот Васко Ковачевски, локален лидер на СДСМ во Битола.
На расправата на втората сединца во Советот на општина Битола за формирање на комисисии, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, се пожали дека е маргинализирана во составот на комисиите кои за нив се значајни и бараат поголема застапеност. Од владеачкото мнозинсво велат дека испочитувана е пропорционалната застапеност на сите советнички групи во советот.
Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ, по вчершниот втор круг од локалните избори преку социјалната мрежа фејсбук, им се заблагодари на граѓаните за мирниот, достоинствен и демократски избирачки процес , со кој како што вели „ја направивме горда, нашата Македонија“.
На овие локални избори паднаа и бастионите на ВМРО-ДПМНЕ во руралните средини, односно селата во кои оваа партија, традиционално книжеше гласови на свое конто. Очигледно не помогнаа и милионските суми за субвенции за земјоделците,со кои во изминатите години се фалеше Владата на Груевски и каде партијата ги имаше своите најголеми поддржувачи.
Постигнавме апсолутен рекорд по бројот на освоени гласови во плуралистичка Македонија, и за градоначалник и за советничка листа , рече Валентин Груевски , носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата, денеска на прес-конференција, заблагодарувајќи им се на граѓаните на Битола , за огромната поддршка на локалните избори во неделата.
-Победата на коалицијата „Живот за сите“ на локалните избори е величествена , над очекувањата, чиста како солза, победа на која не може да и се стави ни најмала забелешка-рече Груевски, кој ќе биде идниот претседател на Советот на Општина Битола.
