2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Кирацовски до граѓаните-Изборните резултати ја потврдија вашата заложба за сериозни промени во земјава!

Октомври 30, 2017

Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ, по вчершниот втор круг од локалните избори преку социјалната мрежа фејсбук, им се заблагодари на граѓаните за мирниот, достоинствен и демократски избирачки процес , со кој како што вели „ја направивме горда, нашата Македонија“.

 

-Изборните резултати ја потврдија вашата заложба за сериозни промени во земјава кои водат кон живот во Македонија. Довербата која ни ја дадовте и одговорноста која ни ја врачивте ќе бидат нашите основни мотивирачки сили, секој нов ден во нашата заедничка иднина, пишува Кирацовски.

Тој им порачува на граѓаните да не се занимаваат со изминатите години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ , тоа да го остават на историчарите.

-Минатите 11 години ги оставаме зад себе, не се навраќаме, со тоа нека се занимаваат историчарите и засегнатите институции, а ние заедно со вас ќе ги отвораме перспективите на нашата држава. Вие, вчера избравте Живот во Македонија за сите, а ние веќе од денес посветено и макотрпно ќе работиме час поскоро да ја исполниме таа наша мисија. Ви честитам!, пишува Кирацовски на фејсбук.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани