2win800x200

Почина 19 годишната девојка која вчера со тешка клиничка слика беше хоспиталаизирана во битолскиот КОВИД центар. Станува збор за лице со Даунов синдром и најмладиот пациент кој ја изгуби битката со вирусот во Битола. Од Клиничката болница велат дека девојката била донесена во исклучително тешка сосотојба, со симтпоми на КОВИД, ниска сатурација, но починала само неколку часа по приемот, пред да и биде земен брис за тестирање, поради што се води као суспектен пациент. 

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во Битола денес се  регистрирани 97 новозаболени, 4 починати и 1053 активни случаи. Хоспитализирани се 127 суспектни и позитивни на ковид-19. Денеска ставена е во функција и Модуларната болница

 
Од петокот до неделата, при засилени сообраќајни контроли на полицијата, на подрачјето на СВР Битола,  санкционирани се  над 280 возачи.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани