АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пред службата за трансфузиологија во Битола секоја среда ред чекаат оние кои веќе закрепнале од КОВИД-19 да даруваат крвна плазма за нивните сограѓани кои се борат за живот. Ако оваа пандемија, од една страна донесе многу несреќи, изгубени битки, страв и очај, сепак, од друга страна ја разбуди хуманоста кај битолчани, кои се солидаризираат во време кога градот е најголемото жариште на коронавирусот. Додека едни минале низ сите процедури и доаѓаат да даруваат плазма, други ја отпочнуваат постапката и ги прават сите потребни анализи, со кои ќе се утврди дали можат да бидат дарители.
-Целта е да спасиме живот, како крводрител имам дарувано крв 15 пати, заболев од вирусот и сега откако закрепнав дојдов да дарувам крвна плазма. Сметам дека тое ми е должност, ова е хумана одлука. Ја поминав болсета многу тешко, знам што значи оваа битка за живот, вели битолчанка.
-Сакам да помогнам на некој, да се спаси живот. Апелирам до сите кои можат да даруваат, да помогнат, вели друг граѓанин.
Од Службата за трансфузиологија велат дека имаат големи побараувања на конвалесцентна плазма од КОВИД центарот во Битола. Но, исто така голем е интересот кај битолчани, па нивните тимови се органзиирани за да се направат анализи и тестирања дали потенцијалните дарители ги задоволуваат потребните критериеуми.
-Интересот за дарување конвалесцентна плазма е голем, надвор има околу 30-40 потенцијални дарители кои се пријавиле да даруваат крв. Ова е еден од начините со кои се лекуваат пациентите, покрај останатат терапија кои ја даваат колегите во КОВИД центрите. Ние телефонски ги контактираме сите потенцијални дарители кои претходно прележале КОВИД и доколку утврдииме дека ги задоволуваат критериумите да бидат дарители, ги повикуваме во нашата служба. Нашата екипа ги прави потребните тестирања за да утврдиме дали некој може да биде дарител. Вршиме проверка на брис со кој треба да се утврди дека се КОВИД негативни, биохемиски аналзиа на крв за да видиме дали се е во границите на нормала, а исто така го одредуваме титарот на антитела кој што е присутен кај пациените кои прележале КОВИД, вели Златка Стојановска, раководител на Служба за трансфузиологија-Битола.
Откако ќе се добијат резултатите, од Службата за трансфузиологија го повикуваат дарителот, кој дарува крвна плазма, а потоа таа се дава на пациентите кои се во тешка сосотојба, хоспитализирани во битолската болница.
-Таа плазма со сите испитувања ја даваме на болните кои се хоспиталзирани во нашата болница, а искуството е позитивно. После примената конвалесцентна плазма, пацинетот се осеќа подобро, има подобрување на клиниката слика, секако заедно со онаа терапија што колегите ја даваат во КОВИД-центрите. Имаме добар одзив, се заблагодаруваме на сите хумани луѓе кои што сакаат да помогнат во овие тешки моменти, вели Стојановска.
Конвалесцентната плазма се дава на заболените од коронавирусот во Битолската болница од јануари годинава. Досега ја примиле 63 пациенти. Со зголемување на бројот на заболени во Битола и хоспитлизирани со тешка клиничка слика се зголеми и потребата од конвалесцентна плазма, па од болница апелираат сите оние кои ја прелажале болеста да донираат конвалесвцентна плазма за пациентите со тешка клиничка слика.