АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Стручен тим од РЕК „Битола“ помогна да се отстранат дефектите и да се подобри работењето на котларата во битолската Клиничка Болница. Зафатите што РЕК ги изведе во установата изнесуваат 20 000 евра. Со ова Болницата без проблеми ќе ја дочека грејната сезона и веќе нема да има загуби од пареа и вода во системот за греење.
Клиничката болница од Битола која досега се грее на мазут, во иднина ќе треба да добие еколошки ситем за греење, ладење и вентилазија преку хибриден систем со примена на соларна енергија и топлински пумпи со што емисијата на јаглероден диоксид ќе се намали за една третина.
Престануваат да важат посебните мерки за работа и превентива дадени по препорака на министртството за здравство при прогласувањето на епидемија на морбили на ниво на државата. Од денес важи редовниот ред на работа во Клиничка Болница Битола, потврди за апла.мк поптпаролот на Клиничка болница -Битола Сузана Конеска.
Под мотото „Биди Хуман“, Васко Ковачевски, инаку актуелен директор на РЕК-Битола, ја започнува кампањата за реконструкција на Одделението за хирургија во Клиничката болница во Битола. Тој со своите најблиски, со свои средства ќе ја помогне санацијата на ова одделение, а очекува во хуманитарната акција да се вклучат и негови роднини, пријатели и други поединци кои сакаат да помогнат.
Дигитален мамограф, дијагностичка опрема која е дефицитарна во Клиничката болница во Битола ќе се набави преку проектот за меѓугранична соработка поддржан од Европската унија. Тендерот е веќе во тек , а се очекува набавката да заврши до крајот на ова лето. Во рамките на проектот ќе се реализира скрининг на одрдени целни групи пациентки за превенција на карцином на дојка,а исто така ќе има и скринизни за карцином на матка