Ужасна е сликата на стариот регионален пат Битола-Прилеп. Градежен шут, стари гуми од возила насекаде расфрлено ѓубре, стара постелнина покрај патот, ридчиња со смет кои се повеќе и повеќе се шират наоколу е дел од амбиентот покрај овој пат. Срамната слика се толерира со години ни рече минувач покрај патот додека правевме фотографии, напоменувајќи дека за дивата депонија никој досега  не покажал интерес ни да се исчисти, ни да се спречи.

-Јас сум стар човек по овој пат минувам со години секој ден, но ова што се случува е срамно за сите нас. Ова е срамно за Пелагонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани