
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Николоски рече дека воен конфликт не му одговара на никого, но и дека никој не очекувал во 21 век да се зборува за возможна голема војна во Европа повторно. Тој се надева дека дипломатијата ќе успее да ја надмине оваа криза.
Гледам интензивни разговори помеѓу западните сојузници на чело со САД и Русија. На крајот на денот, мислам дека Македонија треба да го поддржи ставот којшто ќе е на НАТО и пред сè на САД како клучен партнер на Македонија, изјави Александар Николоски.
Тој додаде дека Македонија треба да ја следи на надворешно-политички план САД, и доколку тоа не е на директна штета на земјава, а во случајов секако дека не е, тоа треба да го поддржи.
„Најголемиот пријател на оваа држава се САД“, изјави Николоски, дополнувајќи дека Македонија треба да го поддржи територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина.
Пред 10-тина дена и министерката за одбрана Славјанка Петровска рече дека земјава во целост го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Таа додаде дека македонските власти во целост ги следат случувањата во и околу Украина, но и коментираше дека поставувањето на руски вооружени сили на границата со Украина е провокативно и дестабилизирачко дејствување.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар