2win800x200

„Ала Ана - 4Д Родителување“: Рецепт за свесно семејство во време на брзи времиња (пишува Ана Салтирова Давидовски)

Јуни 26, 2025

Во светот на премногу теории, малку практика и уште помалку вистинска поддршка, се раѓа рецепт кој не бара совршенство, туку автентичност. „Ала Ана — 4Д Родителување“ не е уште еден прирачник, туку жив, динамичен и проверен модел на родителство кој се гради со срце, со ум и со заедништво. Од кујната на #КЛУБзаРодители пристигнува текст кој веќе со својата структура го демонстрира она што го проповеда: свесен, доследен и емпатичен пристап кон родителството. Во овој публицистички рецепт, ќе откриете кои се тајните состојки на едно функционално, емпатично и растечко семејство – од „прстофат хумор“ и „капки стрпливост“, до четирите столбови на неделната рутина кои се темелат врз NLP методологија, коучинг алатки и заедничка рефлексија. Најавуваме содржина што не (се) чита само — таа се живее. Текстот ги отвора вратите кон еден современ пристап на родителство кој не претендира на перфекција, туку на искреност, длабочина и доверба. Читајќи, ќе се прашате не „како да бидам совршен родител“, туку „како да бидам тука — присутен, свесен и човечки родител“. Следете нè — зашто некогаш најдобрите рецепти не се наоѓаат во книги, туку во живото искуство споделено со другите. #4ДРодителство #КлубЗаРодители

 

 

Ала Ана — Рецепт 4Д Родителување

Од „кујната“ на #КЛУБзаРодители — споделуваме проверен рецепт за семејства што растат заедно.

IMG 7765

Состојки:

  • 1 шолја ДРУШТВО
    (заедничка поддршка, заедничко учење на нашиот ПРВ понеделник — on-line интерактивна работилница за родители од ризниците на NLP методологијата со coaching пристап во добро друштво на ZOOM)
  • 2 супени лажици ДОСЛЕДНОСТ
    (секојдневни мали чекори, кои градат голема сигурност, секој ВТОР вторник споделуваме мал чекор кој сме го направиле)
  • 3 раце ДЛАБОЧИНА
    (да погледнеме подлабоко, да ги пронајдеме сите мали и големи победи во нешето родителување и го одбележуваме секоја ТРЕТА среда)
  • 4 кафени лажички ДОВЕРБА
    (во себе, во детето, во процесот дека предизвикот на патот ќе не направи подобри и посилни, а на поддршката секој ЧЕТВРТ четврток)
  • Прстофат хумор
    (затоа што кога сме насмеани, полесно е и поголем дел од нашиот мозок работи)
  • Неколку капки стрпливост
    (не оди брзо, но секој ден вреди)
  • Љубопитност по вкус
    (секогаш остави место за нешто ново, за учење, за…)

Начин на подготовка:

IMG 7766

 

IMG 7767

 

IMG 7768

 

IMG 7769

 

IMG 7770

Сервирање:

Се консумира по можност секој ден. Најдобро делува во заедништво со други родители. Се препорачува топло срце и отворен ум.

Забелешка од шефот на „кујната

Нема совршено родителство, но затоа тука е свесното родителство. 4Д рецептот е за секој ден — не само за специјални прилики.

Ѕирни што сè има во #КЛУБзаРодители https://subscribepage.io/LlDgai.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани