
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Учениците се на летен распуст, матурантите се при крај со полагањето на Државна матура и чекаат резултати, а полуматурантите се запишуваат во средно училиште. Додека пак наставниците, ги завршуваат тековните активности од наставната година што измина и започнуваат со подотовки за наредната учебна година.
Што прават наставниците во месец јуни?
Оној што не знае, што точно прават наставниците по 10 ти јуни, ќе каже: ништо, одат на училиште, се врткаат некој саат и си одат дома. Но, не е така. Традицонално, како и секоја година, наставниците одат на колективен одмор во месец јули. Додека пак, во месец јуни се одржуваат: одделенски и наставнички совети, потоа, се средува педагошката документација: дневниците, главните книги, во кои мора многу внимателно да се пишува и да не се брза и нормално уредно да биде напишано, бидејќи подлежат на инспекциски преглед, потоа, се расчистуваат кабинетите, се работи и помага во самото училиште (наставниците не одбиваат работа, што ќе им дадат, тоа ќе го сработат). Потоа, следуваат разни обуки за наставниот кадар кои траат и со часови, итн... Значи, многу активности кои наставниците со задоволство ги извршуваат (верувам дека тоа го прават во голем број). Најважно, што не смее да се заборави, е дека, сите наставници по стручни активи изготвуваат активности кои треба да влезат во годишната програма за работата на училиштето за наредната учебна година, па тука се разни извештаи и слични активности. Дружба има, се разбира, меѓутоа има и обврски кои што мора да се завршат (повеќето се обврзани со термин).
Во јуни се формираат паралелки за следната учебна година, се делат часови на наставниците, кои во август само се докомплетираат, па потоа дел од учениците кои одат на продолжителна настава треба да се јавуваат на закажаните термини по распоред за полагање и за присуство во месец јуни. Исто така, се работи на проекти за кои аплицира самото училиште и што се од суштинско значење за училишната зграда. Во училниците и кабинетите, наставниците си ги знаат своите јунски обврски и ги извршуваат традиционално. Месец јуни, е работен месец за наставниот кадар. И она што е навистина паметно, е што училиштните обврски се поделени (секој наставник дискутира, се консултира, соработува со колегите и работи на својот предмет и на активностите поврзани со него). Работна, училиштна атмосфера која што ја заокружува тековната учебна година и веќе работи на подготовка за наредната учебна година. Секој наставник има одговорност во тоа што го прави и што сака да го постигне. Суштината на училиштната соработка треба да биде сведена на: разбирање, дијалог, став, дискусија итн. Доколку се постигне суштината на училиштната соработка, училиштната година полесно ќе ги сумира постигнатите резултати.
Гледишта и очекувања за новиот септемвриски почеток
Образовните промени треба да се случуваат, но не, да се избрзува со нив. Од некаде треба да се почне (уште многу одамна требаше), дали ќе биде: прво, четврто, шесто одд. сепак реформизацијата и интеграцијата на образовниот процес сака: време, ресурси, и секако прилагодување, најпрвин на наставниот кадар, а потоа чекор по чекор и на учениците и на сите засегнати во воспитно-образовниот процес. Јуни, помина, еве го јули, а по него и подготовките за новиот септемвриски почеток. Колку новини ќе донесе, тоа ќе видеме. Сепак, мораме да останеме оптимисти, дека работите ќе се одвиваат на подобро. За да има промени, единствена критична маса (која треба паметно и разумно да размислува) како и да биде во тек и со предлози за образовните настани и случувања се токму наставниците. Сите други работи, активности, случувања се многу јасни и традиционални во образовната сфера. За исклучителна пофалба е реновирањето на голем број училишта ширум нашата Република. Тоа заслужува почит. Подобри услови за учење, значат напредок плус. Меѓутоа да не се заборави дека културата и воспитанието тргнува од дома, а на училиште, образовно се надградува и созрева. Секој наставник, знае како најдобро да остварува интеракција и комуникација со своите ученици. Паралелно со нив, да го следи и оцени: трудот и знаењето на ученикот.
За крај, сакам на сите колешки и колеги просветари, да им го честитам крајот на оваа учебна година, посакувам подобар септемвриски почеток, каде наставниците ќе бидат растеретени со преобемна администрација, а повеќе посветени на учениците. Иако е најавен нов електронски Дневник за новата: 2025/2026 год. сепак ќе кажам и повторам како и многупати: наставникот го личи со книжен Дневник во рака, а не без него. Така се покажува и чува наставен авторитет.
Пријатен одмор, почитувани од просветната фела!
Пишува: професор Александар Адамовски
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)