
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Човекот е суштество што посакува, без разлика каде сме во животот – секогаш нешто сакаме. Повеќе. Помалку. Поголемо. Поинакво. Поблиску. Подалеку... секогаш нешто.
Но дали некогаш си застанал/а и си се запрашал/а:
Што сакав пред 5, 10, 15 години?
Отвори стари календари, дневници, пораки, зборувај со семејството/блиски пријатели што го паметат тој период.
Голема е веројатноста дека денес го имаш тоа.
Но дали се будиш со благодарност за тоа што тогаш ти беше толку важно, а денес ти се подразбира? Или пак и ти – како повеќето од нас – веќе си го ставил тоа во фиоката на „стандарди“ и си тргнал кон новото „сакам“?
Не е дека не сме среќни кога ќе добиеме нешто што сме го посакувале.
Среќата е тука! Но…
Колку трае? Ден? Недела? Месец?
И потоа станува нешто што повеќе не го ни забележуваме. Како позадинска музика што повеќе не ја слушаме. А ние повторно се движиме… кон ново „сакам“, како хрчак во тркало.
Една пауза. Едно прашање.
Погледни си го денешниот список на желби (или она што мислиш дека ти недостига). Од сè што таму стои, што е навистина потреба, а што е само замисла за „уште ова па ќе бидам среќен/на“?
Целта на оваа порака не е да престанеме да сакаме.
Не треба да се откажеме од амбиции.
Ниту пак да се задоволиме со помалку.
НО… да не ја врзуваме среќата за исполнување на желбата.
Туку желбата да ја зачиниме со благодарност, не да ја менуваме желбата туку начинот на гледање.
Кога сме благодарни на тоа што го имаме додека одиме кон тоа што го сакаме –
→ не сме заглавени во само уште...
→ не се чувствуваме како да сме „неуспешни“ додека не стигнеме
→ и најважно: уживаме повеќе во патувањето, среќни за она што го имаме движејќи се кон она што го сакаме.
Затоа ја создадов книгата Благодарам, која порасна во проект Благодарам, со желба да биде поддршка на родителите не да ги одвратиме децата од соништата, туку да им дадеме светлина на патот. Секако не помалку важно и за нас родителите, да се потсетиме колку ВЕЌЕ сме среќни, ако сме свесни.
Покани ја #Благодарам во твоето семејство, во твоето секојдневние, во твоето срце. Подари (си) книга/и што ја/ги покануваат благодарноста да стане дел од семејната ДНК.
Јули ни е роденденскиот месец во Кампањата ЛиченИЗБОР, па ако сакаш да ја искористиш оваа роденденска понуда.
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)