2win800x200

Алал / Ј'зк

Ноември 06, 2017

Алал/Ј’зк

Алал

Алал за транспарентноста на  новата портпаролка на СВР Битола, Лефтерија Миленкоска. Достапна е за новинарските екипи  преку цел ден, во вечерните часови,  па и за викенди. Информациите кои ги дава се навремени и опсежни. Конечно, битолската полиција ја врати транспарентноста кон медиумите што ја имаше пред повеќе години.

Ј’зк

J’зк за нетранспарентноста на повеќе институции во изминатиот период кои останаа затворени за медиумите иако имаа портпароли. Или не одговараа на телефонските повици од новинарите или пак, ако кренеа слушалка кажуваа дека се на боледување, одмор, семинар и слично. Се случуваше да не може да се добијат информaции за настани, а не пак да ги прашате нешто проблемско. За сообраќајките кажуваа кој учествувал, а не и како дошло до несреќата, за тоа требало да сме го прашале обвинителот. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани