Комуникацијата работи за оние кои работат на неа (Communication works for those who work at it)

Јуни 02, 2019

Дали некогаш се прашувате себеси што е тоа што ве поттикнува да размислувате на некаков познат начин за Вас или само сте ,,во чудо,, кога некој размислува тотално спротивно од Вас. Можеби го сметате за будала, губитник, кукавица, глупав или препаметен? И вообичаено за Вас е тоа дека вашето гледиште е она правилното, а туѓото ,,погрешно,,. Едноставно не можете да разберете како му доаѓаат такви мисли и од каде?

Ако ви е важно да проникнете во себеси и да ја олесните, продлабочите или ја подигнете на едно ново ниво меѓусебната комуникација, треба да постанете свесни дека постојат востановени обрасци на размислување кај секој од нас. Тие се формираат во текот на животот моделирани од примерот кој сме го гледале, начинот на воспитување, однесувањето на нашите родители, околината во која сме раснеле, сопствената слика која сме ја формирале за себе, како и нашиот пристап кон сопствените порази и триумфи.

За да ја подигнеме на едно ново скалило комуникација со луѓето кои ни се важни мора за почеток да прифатиме дека она што е во нашиот ум, не мора да е во нечии друг. И скоро никогаш не е. ТЕРИТОРИЈА е се она што е надвор од нас. Она што е внатре во нас за секој од нас е различно и тоа се вика МАПА. Мапата е нашата сопствена перцепција и интерпретација на она што го гледаме надвор од нас. Кога ќе разбереме дека ,,Мапа не е територија,, и не постојат прогрешни и правилни мапи тогаш можеме да прифатиме сечие мислење поаѓајќи од тоа дека не мораме да исправаме нечија мапа и да ја доведуваме да биде согласно нашата.

Неможноста да се разбере нечија туѓа мапа е само образец во кој сме заклучени. Тој не ограничува да проникнеме во различниот модел на светот и преку активно слушање научиме нешто повеќе и за себе и за перцепцијата која ја интерпретира соговорникот. Од друга страна неможноста да се препознае гласот на егото и да се сведе на минимум може потполно да не попречи да прифатиме дека постои друго гледиште кое не е нималку слично на нашето и да го сметаме тоа за потполна лудост. Тоа не е толку страшно колку што е внатрешниот дијалог кој го водиме со самите себе, вртејќи ист филм како хрчакот во својата пластична топка.

Низ животните лекции кои ни ги овозможуваат секојдневните ситуации,по пат на искуствено учење или ,,учење од улицата,, ќе спознаеме одредени работи. Ако тоа се надополни со соодветна едукација се добива производ кој сте самите Вие со сосема друг образец во кој владее она ,,мапа не е територија,,. А кога тоа ќе го инкорпорирате во вашиот секојдевен mindset вашата комуникација и вашиот внатрешен дијалог ќе се движат по нов образец кој дава слобода и го подигнува квалитетот на вашата комуникација.

Ако сите знаеме дека од квалитетот на нашата комуникација е одреден квалитетот на нашиот живот тогаш да поченеме од себе и својата мапа.

Пишува,

М-р Билјана Галовска - NLP master coach, Предавач на Бизнис Академија Смилевски

Инфо:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани