Интервју Менде Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“ –Битола „Целта ни е испорака на вода до секоја земјоделска површина во Пелагонија“ (преземено од Зелена берза)

Јуни 19, 2019

-Имате ли проекти за проширување на хидросистемот за наводнување со кој можеби би се опфатиле сите земјоделски површини кои не се под хидросистемот, односно да зафати опсег на сите ниви од Пелагонискиот регион?

Граматковски:Со актуелното, реализирано техничко решение на Хидросистемот „Стрежево”, и изработувањето и реализацијата на проекти за проширување на хидросистемот со површини кои се надвор од проектно предвидени 20.200 ha нето обработлива повр­шина целта е испорака на вода до секоја земјоделска површина во Пелагонискиот регион.

Во нареден период ќе биде испорачана вода во атарот на селата Породин, Секирани, Габалавци и во село Кукуречани. Испораката на вода ќе биде и преку реката Шемница и Црна река до земјоделските површини на општините Могила и Новаци.

Со проширувањето на хидросистемот Стрежево во овој дел се создава можност да се наводнуваат околу 40 хектари плодна земјоделска површина.

Неодамна објавивте дека после 40 години Лисолајско поле доби наводнување. Кои се новите можности за земјоделците од овој крај и колку ве чинеше таа инвестиција?

Граматковски:Неодамна започнавме со испорака на сурова вода за наводнување на земјоделски површини во село Лисолај. На земјоделските површини е инсталирано полиетиленско црево (Ø225) со должина од 880метри во ров со пропратна хидромеханичка опрема. Инвестицијата е од сопствени извори на претпријатието во висина од околу 2 000 000 денари.

Со реализација на овој проект на најдобар можен начин земјоделците од овој регион ќе можат да ги остварат поставените цели, и со тоа поголема ефикасност и ефективност што е водечки фактор за успех на земјоделството, а воедно претставува стратешка цел на државата – зголемено земјоделско производство, поголем придонес и подобрување на квалитетот на земјоделските производи.64657641 2416977335204527 5136660545327333376 n

Ова значи дека се зголемуваат инвестициите во нова мрежа која би била од корист на индивидуалните земјоделци

Граматковски:Наводнувањето е една од основните намени на хидросистемот „Стрежево“ и е застапено на 20200 ha нето обработлива површина, физички ограничена на просторот помеѓу реката Шемница на север, реката Црна на исток, главниот доводен канал на запад и македонско – грчката граница на југ.

Со  моето доаѓање за директор на ЈП „Стрежево” – Битола и како што ветив, еден од основните приоритети  беше и останува инвестирањето во деталната цевководна мрежа и консолидација на мрежата.64830426 423436084912965 7137824836625104896 n

Има ли простор за загриженост кај корисниците на вода од ЈП „Стрежево“ – Битола ова лето? Дали акумулацијата има доволно вода да ги покрие потребите на индивидуалните земјоделци, индустриските капацитети и за граѓаните?

Граматковски: Акумулацијата „Стрежево”  со која стопанисува ЈП „Стрежево” – Битола моментално располага со околу 95 милиони м3 вода што е повеќе од доволно за обезбедување на потребните количини на вода за наводнување на дел од Битол­с­ко­то Поле во Пелагонија. Непрекинато, квантитативно покривање на потребите од не преработена вода во те­р­мо енергетската и комунално-индустриската сфера, и тоа пред се водоснабдувањето на градот Битола и околните населени места, рударско енергетскиот комбинат – РЕК “Битола” и локалните индустриски капацитети.

Несомнено, нема никаков простор за загриженост на граѓаните, потребите на водокорисниците ќе бидат во целост задоволени од страна на ЈП „Стрежево” – Битола. Чесното, одговорно, посветено, транспарентно и отчетно работење сметам дека граѓаните го препознаваат.

(Цело интревју прочитајте го на линкот https://zelenaberza.com.mk/intervju-so-mende-gramatkovski-direktor-na-jp-strezevo-bitola/?fbclid=IwAR1SOUzl7XYhVUCOfIif5f12feMBKJ1XqW1KIsl-ZJJ6lORJJQMnetSj0m4)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани