АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Една од значајните работи која го облагородува нашиот живот се луѓето кои ги среќаваме. Накои од нив остануваат цел живот, други се само минувачи низ него. Секој кој ,,влетал,, во него добил шанса да го менува нашиот живот преку добри или лоши заеднички искуства. Луѓето кои ги привлекуваме на нашето животно патување се само наши делови.
Еве едноставна вежба за разјаснување. Пример: помислете на тоа дека внатре во себе имате 6 делови. Три од нив кои ви се допаѓаат и три кои не ви се допаѓаат. Пример: ведра, позитивна, упорна и неодлучна, нетрпелива и понекогаш импулсивна. Тргнете од било кој и размислете која личност која ја познавате ја отсликуваа оваа ваша особина. Кога ќе ги пронајдете ќе забележите дека секој од нив на некој начин е поврзан со појавувањето или формирањето на таа особина кај Вас. Се додека не се усогласите со тој дел во себе, Вие ќе привлекувате луѓе кои ќе го отсликуваат тој ваш дел. Кога ќе ги задоволите потребите на тој дел тогаш или се разделувате со луѓето во вашиот живот или го подигнувате нивото на соработка една скала погоре.
Она на што реагираме кај другите, тоа се наши делови. Ако престанеме со осудување , поправка и критика и пристапиме со прифаќање и разбирање ќе видиме дека тоа ние го имаме во себе. Секој човек со кој имате интеракција ви зборува нешто за Вас. Тој е тука за ние да дознаеме како реагираме на нешто, колку сме спемни за нешто. Вашата реакција на другите луѓе ви покажува каде сте Вие, ви ги покажуваат вашите силни или слаби страни. Лелица Тодорович тоа го објаснува вака: ,, Доколку другата личност во Вас предизвика љубов, тоа ја огледа вашата способност да сакате. Доколку Вие во другата личност предизвикате љубов, во тоа се оглeда нејзината способност да сака. Доколку некој ви завидува, тоа ја отсликува неговата способност од завист.,,
Поентата е во тоа како ние реагираме на она што другата личност прави. Тоа е наше огледало и секогаш ја покажува моменталната состојба. Кога ние се менуваме во огледалото гледаме сосема нова слика-исти луѓе, исти ситуации кај вас предизвикуваат различна реакција.
Ако ова само ве заинтригра и сакате да дознаете нешто повеќе, може да присуствувате на некоја од Работилниците посветени на личен развој и НЛП или да закажете индивидуална средба. За било која информација пишувате на е mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Пишува: м-р Билјана Галовска, пред. на Бизнис Академија Смислевски, NLP master coach