2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Резиме на 40 ката...(пишува Татјана Крнчева)

Септември 15, 2019

Бев, видов, слушнав!

Велат немало битолчани, хм, чудно, многу чудно како оние кои не беа, се класифицираат себеси како најголемите битолчани и најголемите љубители на филмот, а замислете ги нема на ниту една проекција, во ниту еден ден до крајот на Фестивалот. Демек од инает, демек во знак на револт. Револт за што?! За лоши стајлинзи? Стајлингот е прашање на вкус, а за вкусови не се расправа. Ако тие немаат огледало по дома, Вашите коментари бидете сигурни дека нема да ги допрат, ниту па в година ќе бидат нешто поскоцкани, тоа или го имаш или го немаш во себе!

За сенсот и културата? Прашање на менте. Или си фабрички направен да внимаваш и да бидиш дама или господин, колку и да не те интересира или ќе си останеш културно неписмен и ќе оставаш вибероО да ти ѕвони на глас на секои 15 минути.

За протоколот? Има совршен?! НЕ! А ретко кој „прогорва“ за крупната слика. Кога ќе се сетам кои имиња и великани на кинематографијата ја „згазнале“ Битола, за оние другите (вие си ги знаете епитетите) кои ја „газат“, ама ИЧ не ми е гајле, не ги перцепирам! Факт е дека и кадро и некадро “гази“, не мораме БАШ секоја година да вергламе како да ја откривме Америка! Ама факт е исто така, и тоа несоборлив, дека тие великани иделе, идат и ќе идат...тука...кај нас „малите и смешните“. Ние „малите“ сме им домаќини ден, два...пет. Сериозно мислите дека им е важно дали штиклите и вратоврските им одговараат со остатокот од пљачките на гостите?! Зрно сме им во животите светски, а сепак одбрале да дојдат, да испочитуваат! Зошто?! Не, не затоа што се ненормални, професионалци се!!! Е баш затоа!

И кога сме кај професионалност,не сум од оние што користат шанса заради ниски политички страсти да плукнат држава и општина на оваа од светски ранг манифестација! Сакам да го поздравам и да се поклонам на професионализмот, ја поздравувам организацијата, ја поздравувам заложбата на сите досегашни директори ( вклучувајќи ја и сегашната ) на Центар за култура, кои со години биле на ниво на задачата, без исклучок. Ги поздравувам нашите новинари заради кои сето ова и добива светски лик. И ги поздравувам сите оние кои мислат дека Битола не ја бива...го „згазнаа“ црвениот тепих за да ги „залепи“ камера и први ја напуштија салата. Со такви локал-патриоти, Битола никогаш и нема да ја биде! Чуден начин за постигнување на уште почудна поента!

Ама неисе, ИФФК „Браќа Манаки“ е нешто со кое треба да се гордееме и НЕ, нема да ни го земат во Скопје. Овде е МЕСТОТО, овде е магијата,овде сме ние...битолчаните...се ̀уште не има.

Tell the clouds да пуштат троа дожд да ни го измие злото од мислите и устите.

автор: Татјана Крнчева, член на Советот на Општина Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани