2win800x200

Известување на Општина Битола за автобускиот и такси превозот

Март 12, 2020

Со  цел превенција од ширење на коронавирусот, а согласно Заклучоците донесени на седница на Владата на Република Северна Македонија, Општина Битола, ги информира граѓаните дека превозниците кои вршат општински линиски превоз на патници во Општина Битола, од утре 13.03.2020, ќе сообраќаат на линиите кои ги одржуваат до 17.00 часот.

Воведувањето на оваа мерка ќе овозможи доволно време за исполнување и на заклучокот донесен на 15 та седница на Владата на Република Северна Македонија, кој гласи: сите јавни претпријатија и приватни компании што вршат јавен превоз на патници да вршат редовна дезинфекција на превозните средства, како и: возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.

Исто така, Општина Битола ги известува и сите авто-такси компании, нивните возачи да возат со заштитни маски и ракавици и секој ден да ги дезинфицираат возилата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани