
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пишува Соња Рилковска
Рецензираме текст објавен на порталот Охрид24, под наслов: „ (ФОТО) Охриѓани ги испратија Заев и Шекеринска“.
Уште во самиот наслов се манипулира, на начин што порака испишана на платно, најверојатно од страна на политичкиот опонент во кампањата, за која не се знае ниту кога, ниту каде, ниту кој точно ја испишал, се претставува како охриѓани. Прецизно е да се каже дека ,,платно со содржината што е објавена на фотографијата се појавило на одредена локација,, но да се тврди дека тоа платно е симбол на целиот град, односно дека зад него стои целото гласачко тело на Охрид е во најмала рака манипулација и политичка агитација во кампања.
Во текстот нема вовед, туку само еден пасус, но ни во него не е одржана професионална дистанца и не е направена разлика меѓу тоа што е информација а што е коментар.
При тоа не е објавено ниту кој, ниту каде поставил таква порака на платно , испишана со спреј – „Денес дојдовте и никогаш повеќе“, ниту пак на кого се однесува пораката. Неименуваниот автор сам ја толкува пораката на натписот. Пишува дека охриѓани ја поставиле за да ги испратат Заев и Шеќеринска, на заминување од трибината во Охрид. Користејќи го зборот охриѓани, првенствено манипулативно се алудира на масовност , а потоа и се обвинува за лажни ветувања и предавства.
Согласно Кодексот на новинарите известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Текстот се коси со новинарските стандарди , воедно и поради тоа што не се одговорени основните прашања. Кој го поставил натписот, кога, каде и зошто.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.