
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пишува: Билјана Димко
На сајтот „24инфо“ на 28.06.2020 е објавена вест: „Детските градинки се затворени за деца, а отворени за Заев што претставува груба злоупотреба која најостро ја осудуваме“.
Текстот е всушност партиско соопштение од ВМРО ДПМНЕ, со кое се тврди дека Заев држел митинг во градинка и ја ,,злоупотребил институцијата каде одат дечиња, во изборна кампања”. Не е направена јасна дистинкција во текстот, односно дистанца меѓу партиското соопштение и новинарскиот производ. Едноставно, соопштението од партијата е прекопирано на порталот интегрално и сместено во рубриката ,,вести” без неопходната, барем минимална редактура.
На објавената фотографија нема деца, а фотографираните се заштитени според препораките против Ковид 19.
На официјалниот youtube канал на СДСМ е објавено видео на 28.06.2020 од кое што е евидентно дека митинг немало, туку дека само делегацијата од СДСМ додека била во Штип, ја посетила и градинката, која е проект и соработка меѓу локалната и централната власт.
Со ова Николовски, потврдува дека ја посетиле градинката, но не држеле митинг во неа, наспроти тврдењата во насловот од текстот.
Од насловот кој е тенденциозен, се добива впечаток за некаква ,,повластеност” на Заев споредено со децата, што е небулозно. Градинките наскоро и ќе се отворат за во нив да бидат згрижени децата, откако тоа ќе го одобри Комисијата за заразни болести. За таа цел беше спроведен и скрининг на вработените.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар