
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пишува: Соња Рилковска
Рецензираме вест објавена на порталот Охрид24 , на 5 јули , под наслов „ (ФОТО) Докторите и специјализантите од охридските здравствени установи изманипулирани и искористени за пиар на Венко Филипче и власта на СДСМ?“.
Уште од самиот наслов, кој иако е поставен во прашална форма, се обвинува министерот за здравство дека ги злоупотребил специјализантите од охридските здравствени установи, кои учествуваа на трибина на тема здравство. Воедно во насловот се наведува ФОТО за да се омаловажат младите лекари кои се на фотографиите дека биле искористени како пиар на власта.
Во првиот пасус непознатиот автор пишува:
Текстот е „поткрепен“ со скриншот од некоја порака на која е избришан авторот и во која нема ништо политичко. Освен покана до младите доктори на средба со министерот Филипче на тема специјализации.
Во објавата новинарот непрофесионално коментира, но и ја обвинува власта дека политички ги злоупотребила младите специјализанти. Текстот наликува на навивачко новинарство.
Од друга страна министерот Филипче информира дека имал средба со младите доктори за да ги слушне нивните предлози:
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот, стои во член 13 на Кодексот на новинарите.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар