
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
65 годишен битолчанец С.С. утрово почина кај месноста Неолица, откако со своите пријатели тргнал на пешачење, потврдија од битолската полиција.
Екипи на јавното претпријатие „Нискоградба“ и подружницата на „Македонија пат“ од Битола почнаа со обележување на коловозот и поставување сообраќајни знаци за ограничен режим на движење, со што формално почна реконструкцијата на северниот главен сообраќаен влез во Битола или влезот од страна на Прилеп.
Јавното претпријатие „Македонија пат“ од утре почнува со реализација на проектот за надградба и поправка на коловозот на влезот во Битола од страната на Прилеп.
Под снежниот врв на Пелистер, цветаат магнолии. Вака изгледа Битола од градскиот парк. Од едната страна се вишнее планината каде има снежна покривка од 40 тина сантиметри, а од другата страна всипани од цветови се магнолиите. Битолчани можат да уживаат во две годишни времиња. Во зимата на Пелистер каде снегот може да ја продолжи сезона или да прошетат во градскиот парк каде пролетта магнолиите ги обои во розово-пурпурна боја.Поради нивната убавина и плоштадот во срцето на Битола е наречен Магнолија.
Следната недела, македонската поп ѕвезда, Каролина Гочева, со два концерта на 27 и 28 март во Битола, ќе го промовира новиот, 9 ти по ред студиски албум „Извор“. По седумте концерти одржани во Скопје, Каролина, ќе одржи два концерти во родната Битола, иако плановите биле новиот албум да го претстави пред битолчани летово на концерт во античкиот локалитет Хераклеја.