2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во Старата битолска чаршија од утре започнува „Локум фест“

Јули 18, 2018

Од 19 до 21 јули во Старата битолска чаршија ќе се одржи  12-то  издание на традиционалниот „Локум фест“. Овој ​фестивал својата инспирација ја црпи од културното наследство на најопеаниот македонски град, градот Битола.

-„Локум фест„ е огледало на она што значи мултикултурност во музичка смисла и е единствениот фестивал кој нема естрадни, ниту комерцијални елемнти, туку се обидува да ја подигне свеста за значењето на тардицијата и заштита на живото културно наследство, заживување на чаршијата, развој на културниот туризам. Истиот започна 2007 г. во организација на Центарот за културна деконтаминација,  во срцето на старата битолска чаршија , земајќи го  обичајот на „локум и кафе “ како синоним за средба, еснафлук, пријателство помеѓу сите култури во славната конзулска Битола. Како секоја година започнуваме со чалгии, завршуваме со етно-фјужн, изложби на ракотворби, везови и секако локум, рече Тоше Ивановски, организатор на „Локум фест“

Во трите фестивалски вечери ќе настапат седум ансамбли од Македонија, Бугарија, Турција, Словенија, Индија.

„ Ќе се дружиме со „Морски перли“ од Варна, „Balkananatolia “ Турско македонска тајфа,„Баклава“, „Ethnusiasm“ од Словенија,„Вевки чалгија трио“, и „Tapi Project“ од Индија...Нашите соработнции од Регионалната занаетчиска комора Битола, ЗУР Македонски ракотоворби си своите ракотоворби, Органiзација на жени од Битола со „ Архитектурата на Битола низ вез“, како и гости од другите градови, рече Ивановски.

Од ансамблите ги повикаа битолчани на заедничка дружба во Старата чаршија во Битола

-Чест ми е да свирам во мојот роден град. Во групата членуваат признати имиња, професионалци од Љубљана, Словенци и Македонци, а целта ни е негување на македонската музика и традиција, спакувана во модерен аранжман и наша интерперетација, која се обидуваме да ја доближиме до што поголем број луѓе, рече Горан Гаревски, член на „Ethnusiasm“ од Словенија

-Ги повикувам граѓаните да дојдат, да се дружиме заедно и да се чувствуваат весело со нашата стара чалгиска музика, а ние сме последните што се уште ја негуваме, рече Вевки Амедов, од „Вевки чалгија трио“

Фестивалот е делумно поддржан од Министерство за култура на РМ.во рамките на годишната програма, Општина Битола, во рамките на Бит фест и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.

Организатори се Центарот за културна деконтаминација од Битола и Здружението на граѓани „Локум фест“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани