2win800x200

При преземање службени задачи, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Демир Хисар на место викано „Железнец“, атар на с.Сопотница, демирхисарско, затекнале товарно возило „мерцедес“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од с.Обедник, демирхисарско, кое било натоварено со околу 19 метри просторно огревно дрво без соодветна документација.

Битолската шумска полиција и на почетокот на оваа година со полни раце работа. Во неколку акции против нелегалната сеча и транспортот на огревни дрва одземемени се две патнички моторни возила, моторна пила и околу 3 м3 огревни дрва. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Шумската полиција од Демир Хисар по претходно добиени оперативни сознанија затекна трактор со две самоделски приколки натоварени со бесправно посечени огревни дрва.

Здружението на пензионери од Битола ги известува своите членови од Битола, Новаци и Могила  дека од четврток, 28.01.2020 година ќе врши запишување на огревно дрво, по цени за просторен метар даб 2900 денари и просторен метар бука 2800 денари. 

Запишувањето ќе се врши  од страна на претседателите на ограноците во просториите на месните заедници, како што беше случаи и претходните години.  

Се известуваат (старосните, семејните и воените) пензионери членови на Здружението пензионери Битола дека почнувајќи од 21.01.2019г. заклучно со 23.01.2019г. (Понеделник, Вторник и Среда) од 10.00 до 15.00 часот ќе се врши запишување на огревно дрво (даб и бука) во просториите на месните заедници во Битола каде припаѓаат по лична карта и во селата Новаци, Могила, Бистрица, Цапари, Кукуречани, Добрушево и Буково..

 

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани