2win800x200

Полицаец од Демир Хисар фатен во кражба на огревно дрво

Октомври 04, 2022

Шумската полиција од Демир Хисар по претходно добиени оперативни сознанија затекна трактор со две самоделски приколки натоварени со бесправно посечени огревни дрва.

При обидот да го сопрат, лицето кое го управувало тракторот ги попречувал шумските полицајци и го напуштил местото.

Следниот ден со налог за претрес од судија по претходна постапка му се одземени 6 метра просторни огревни дрва и едната приколка, додека втората приколка не била пронајдена, информираат за апла.мк од Шумската полиција

Неофицијално сторителот на делото е вработен како полицаец во ОВР Демир Хисар.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани