2win800x200

АД ЕСМ го продолжи стипендирањето на 29 студенти од различни години на високото образование од четири државни универзитети, односно од државните универзитети во Скопје, Битола, Штип и во Тетово. Услов за продолжување на стипендирањето е студентите секоја година да го задржат бараниот просек, кој резултат стипендистите редовно го исполнуваат.

Во изминатите денови дел од студентите веќе ги потпишаа договорите и истото беше извршено согласно законските мерки за заштита од КОВИД 19, се со цел на студентите да им се исплатат средствата неопходни за нивните секојдневни трошоци поврзани со образовниот процес.

Почнувајќи од 2012година АД ЕСМ секоја година распишува конкурс за стипендирање на 30 нови студенти од државните универзитети, со годишна стипендија од 60 илјади денари.

На тој начин, АД ЕСМ, како општествено одговорна компанија, помага во продуцирање кадар, особено од областа на електротехниката, машинството и информациските технологии.студент 2

студент 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани