2win800x200

Поскапувањето на цената на водата е по барање на Регулаторната комисија и по препорака на Европската Унија, објаснуваат директорите на јавните претпријатија во Битола. Горан Козаров, директор на ЈП „Водовод“ вели дека одлуката за поскапување на водата на Регулаторната комисија ја наследиле од времето кога на власт било претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Градот Битола и 19 селски населби кои со вода за пиење се снабдуваат од ЈП „Водовод“-Битола користат безбедна вода за пиење, ова го покажува анализатата за 2017 година од Центарот за јавно здравје во Битола. Додека, пак, битолските села кои користат вода од селските водоводи пијат небезбедна вода.

Пред стартот на летото, во вештачката акумулација „Стрежево“ собрани се 105 милиони метри кубни вода што е рекорд во последните години. Јавното претпријатие „Стрежево“ кое стопанисува со акумулацијата, подготвено ја дочека сезоната за наводнување на земјоделските површини во Пелагонија, а без проблем ќе обезбеди и вода за индустриските капацитети и за водокорисниците од градот преку лето доколку Водовод има недостиг на вода од сопствените извори.

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“и ОУ „Даме Груев“ - Битола го одбележаа Светскиот ден на водата со тоа што учениците и наставникот Митко Јанески поставија упатства за рационално корисење на водата, електричната енергија, за одржување на хигиената во зградата и зеленилото во дворот.

Нема да има поскапување на цената на водата во Битола, и покрај препораките на Регулаторната комисија за енергетика.  Цената на водата денеска  ја разбранува политичката сцена во градот откако на седница на Совет се најде одлуката за поскапувањето. на водата.

Страница 3 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани