2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битола и 19 села пијат безбедна вода - ризична вода имаат селата со сопствени водоводи

Јуни 05, 2018

Градот Битола и 19 селски населби кои со вода за пиење се снабдуваат од ЈП „Водовод“-Битола користат безбедна вода за пиење, ова го покажува анализатата за 2017 година од Центарот за јавно здравје во Битола. Додека, пак, битолските села кои користат вода од селските водоводи пијат небезбедна вода.

 

-Може да се заклучи дека градот Битола и 19 селски населби или 89,1 % од вкупното население во Општина Битола  со вода за пиење се снабдуваат од градскиот водовод  и при тоа користат безбедна вода за пиење. Во текот на 2017 година анализирани се 520 примероци на вода  за пиење од градскаta  мрежа и селата, приклучени на градскиот водовод во Битола. Од вкупниот број анализирани примероци само 6 примероци, или 1,1 отсто се неисправни во однос на физичко-хемиските параметри, заради присуство на органиски нечистотии. Сите анализирани мостри покажаа бактериолошка исправност, стои меѓудругото во извештајот на Центарот за јавно здравје-Битола.  

Со вода за пиење од сопствени водоводи се снабдуваат 35 селски населби со вкупно 10 311 жители, или 10, 8 проценти од вкупното население на Општина Битола кои користат небезбедна вода за пиење што претставува голем епидемиолошки ризик по јавното здравје на овие жители.

По извршениот увид на каптажите, резервоарите и мрежата од страна на стручни лица на Центарот за јавно здравје утврдено е дека најголем број од објектите за водоснабдување не ги задоволуваат санитарно- хигиенските норми .

-Немаат дефинирано заштитни зони околу извориштата на вода за пиење, каптажите, резервоарите и водоводната мрежа се стари и не се одржуваат, немаат соодветна опрема за пречистување и дезинфекција на водата за пиење, а доклку имаат тоа се врши нерамномерно и неправилно, покажуваат едногодишните анализи.  

Од Центарот за јавно здравје за решавање на овој проблем кај селските водоводи порачуваат сукцесивно приклучување на селата на мрежата на градскиот водовод со цел нивно континуирано одржување.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани