2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во својот работен кабинет, големиот Ф. М. Достоевски имал приватна библиотека со преку четири илјади наслови, но само две книги секогаш се наоѓале на неговата работна маса: “Библијата” и “Дон Кихот”.

Кога еднаш го запрашале, зошто токму тие две книги се секогаш до него, тој одговорил:   “Едната е световна творба, а другата е единствена транскрипција на световната творба од овоземен писател”, мислејќи на Мигуел де Сервантес. Во Новиот завет во Библијата ќе го сретнеме единствениот и вистински симбол на христијанството – Крстот. Составен од два дела: хоризонтален и вертикален дел.

Ште е претставува овој симбол ? Живеење по хоризонтала – материјалниот свет, и живеење по вертикала – духовниот свет. Токму оваа (овоземна) книга “Дон Кихот” е вистинско четиво и вистински прирачник, олицетворение на материјалното и духовното, преку ликот на Санчо Панса – материјалното , и Дон Кихот – духовното. Во една од најдраматичните епизоди на оваа книга, попот и берберот му ја “средуваат” библиотеката на Дон Кихот, со цел да му укажат на штетноста од книгите врз нековиот ум, а со тоа и да му го “олеснат” животот.....

Ех, што се дочека! Попот и Берберот, двајца брилијантни материјалисти, да му сугерираат на најголемиот идеалист Дон Кихот, што треба да чита, а што не! Двајца закоравени умови, се здружиле, и решиле да ги “претресат” светските библиотеки, за да го спасат човештвото од ИДЕАЛОТ. На луѓето “зркнати” по пари, не им треба идеал, а на тие истите, без идеал, не им треба ни љубов. Оти, што би правеле ние со љубовта, ако не ја идеализираме. Џабе ни е...

Ете, гледате, изборот не е многу голем. Или сте едно или сте друго. Нема трето. А, како што гледате тешко дека може, малку од едното, малку од другото. Не може. Изборот е личен и длабоко интимен, како “Слобода или смрт”. Или ќе се дружите и ќе им верувате на “поповите и берберите”, или ќе си ја сочувате интимната библиотека во Вашите чисти мисли... Оти твојата околина не се љуби со ум, туку со срце. Твојот роден град не се љуби со ум, туку со срце. А умот и срцето, одсекогаш биле во постојана меѓусебна кавга...

Тоа што за умот се парите, за срцето е љубовта.

Пишува Дипл.Инг.Арх. Зоран Николовски

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани