2win800x200

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола и Битолскиот книжевен круг денеска го одбележаа 21-ви март - Светскиот ден на поезијата. На почетокот на средбата се обрати директорот на библиотеката Бојан Стефановски кој рече: „Светскиот ден на поезијата е можност да се сврти вниманието на секој жител на планетата кон единствената карактеристика на поезијата, допирање на најдлабоките жици на душата во една личност, будење на креативни способности и одговарање на какви било духовни прашања. Многу луѓе го наоѓаат својот мир и релаксација во поезијата, благодарение на поетскиот збор, учат да се разберат себеси, во своите мисли и емоционални искуства. Друга важна цел на празникот е можноста да им се каже на почетниците писатели и малите издавачи. Овој ден е еден вид поттик за развој не само на поезијата, туку и на другите видови уметност, бидејќи во настаните е вклучена каква било креативна насока, било да е тоа танц или музика“.

Секоја година, 21-ви март е резервиран за одбележување на три големи настани. Освен што ќе и кажеме големо “добредојде” на пролетта, на екологијата и ќе го прославиме и Светскиот ден на поезијата. Една од повеќето причини зошто се означува токму Светскиот ден на поезијата, е одржување во употреба на усмениот рецитал. На овој начин се обновуваат и дијалозите помеѓу поезијата и другите уметности. Одлуката токму 21-ви март да се прославува како Светски ден на поезијата била усвоена во Париз во 1999 година. Оттогаш, овој ден се прославува со книжевни собири низ целиот свет од страна на поетите кои испраќаат пораки во чест на стиховното творештво.

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола и Битолскиот книжевен круг даваат поддршка на поезијата, враќање на усната традиција на поетски рецитали, промоција на едукацијата за поезијата, обновување на дијалогот меѓу поезијата и другите уметности (театарот, танцот, музиката, сликарството), поддршка на малите издавачи и создавање атрактивна слика за поезијата во медиумите. 

На средбата во Библиотеката  читаа Бети Јончиќ, Милица Радевска, Златко Жоглев, Даниела Андоновска Трајковска, Мирјана Стојановска, Михајло Свидерски, Илче Стојановски и Гордана Стојановска.

 
 

ЗОШТО Е ВАЖНО НА ДЕТЕТО ДА МУ ЧИТАМЕ НА ГЛАС?

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола како дел од своите програми, насочени  кон заедницата  Ве повикува да се придружите на Кампањата – Да читаме на глас   организирана по повод Европската година на гласно читање, прогласена од Европската организација за унапредување на читањето EU READ,  нагласувајќи ја важноста на гласно читање во развојот на навиките и вештините за читање кај децата.

Методот на гласно читање е клучен за развојот на навиките за читање и подоцнежниот успех во училиштето и воопшто за успехот во стекнувањето знаења и вештини. Затоа драги наши читатели и сите Вие кои ја љубите книгата, следете го нашиот пример и вклучете се во кампањата  ДА ЧИТАМЕ НА ГЛАС! Кампањата ќе се реализира во текот на целата година, со учество на градинки, училишта, јавни личности, институции, физички лица итн. Во Битола кампањата започнува утре (03.02.2021 година)  со постирање на видеа на социјалните мрежи како родителите и наставниците  им читаат  на децата.

Зошто треба да им читаме на децата на глас

-          Читањето на глас ги става книгите во центарот на вниманието и ги претставува како извори на пријатно, вредно и возбудливо искуство. Децата, кои ја учат вредноста на книгите од рана возраст, најчесто стануваат креативни и независни читатели.

-          Читањето на глас им помага на децата да го поврзат она што го гледаат, слушаат и читаат. Читањето на глас на возрасните го проширува вокабуларот на децата и ги проширува нивните општи знаења.

-          Читањето на глас им овозможува на родителите, бабите и дедовците, браќата и сестрите, наставниците, роднините и пријателите да бидат пример за децата. На овој начин, нивната љубов кон книгата лесно им се пренесува на децата.

-          Читањето на децата на глас открива литература што можеби никогаш нема да ја откриете сами, како што се поезија, раскази, бајки и др.

-          Читањето на глас им овозможува на децата да се запознаат со литературен јазик кој е значително различен од секојдневниот говор или јазик што се слуша на телевизија, се чита во весници или се слуша на филмови. На овој начин, децата подобро ги разбираат сложените структури на речениците.

-          Читањето на глас им овозможува на децата да фантазираат за луѓе, места, времиња и настани што не ги сретнале или не ги доживеале.

-          Читањето на глас создава врска помеѓу детето и возрасниот што му чита, со што им се даваат заеднички теми за разговор. Говорењето и зборувањето помагаат во развојот на личноста.

Жанета Тошеска, наставничка во прво одделение во основното училиште „Кирил и Методиј“ во Битола, е прогласена за најредовен читател во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола. Таа лани прочитала 71 книга или во просек, една на секои пет-шест дена.

„Член сум на библиотеката неколку години. Во последно време читам секој ден, а сакам да читам зашто секојдневно откривам различни ликови, нивниот начин на живот, нивните мисли, како тие се справуваат со проблемите и како преживуваат. Читам книги од сите жанрови, но најинтересни ми се трилери“, изјави Тошеска, која не сакаше да се фотографира.

Таа ги учи децата дека треба редовно да читаат.

„Знаеме дека денес учениците многу малку читаат. Како наставник во прво одделение, постојано ги потсетувам дека треба да стекнат навика за редовно читање, а јас им читам сликовници и приказни најчесто што можам“.

Од библиотеката додаваат дека едни од најредовните читатели им се пензионерите, далеку повеќе од средношколците.

Извор: https://smart.sdk.mk/vesti/nastavnichkata-zhaneta-toshevska-e-chitatel-na-godinata-vo-bitola-lani-prochitala-71-kniga-od-gradskata-biblioteka/

На првиот Стручен собир на библиотекари од факултетските библиотеки  на тема „Организација и услуги на факултетските библиотеки на Универзитетот ‘Св. Климент Охридски Битола’- развој на библиотечната дејност“ ќе се одржи во просториите на Универизтетската библиотеката во Битола со почитување на процедурите за организирање на настани за време на пандемија со Ковид-19 денес со почеток во 11 часот. 

За учество се пријавија библиотекарите од факултетските библиотеки на УКЛО. Предавачи на наведените теми се библиотекари м-р Јелена Петровска и Лидија Мирчевска.

Организација на Собирот ќе укаже на стручноста на библиотекарите и потреба за користење на референтна литература на студенти и научни работници на Универзитетот, но пред се ќе укаже на значење на библиотечните сервиси на ниво на Универзитетот како и потполна препознатливост во средината.

Проектот е од особена важност за воспоставување на протоколи за работа и организација на посебен вид на библиотеки, соодветни практики и настани.

Националната Установа Универзитетска  библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола е придружна членка на Универзитетот  во Битола (УКЛО). Во рамките на УКЛО како дел од секој одделен факултет се наоѓаат и факултетски библиотеки со збирки на научна литература. 

Досегашната пракса укажува на потреба од изготвување на Стратегиски план и јасна визија за развој на овој тип библиотеки. По својата функција универзитетска библиотека започнува активности со имплементација и вистинска позиција на факултетските библиотеки на УКЛО со цел на нивна целосна библиотечна автоматизација и подигање на компетенции на факултетските библиотекари како дел од постојано професионално усовршување. За таа цел потребно е изготвување на заеднички нацрт и план за работа. На Средбата ќе бидат опфатени теми од организациска поставеност на факултетските библиотеки во интегриран универзитет, работа со библиотечната граѓа и корисници, управување со информации, автоматизација на библиотечното работење и изготвување на насоки за развој на библиотечната дејност што е од особено значење за евалуација квалитетот и изведување на образовните програми на Универзитетот. Како посебен дел ќе бидат обработени и теми за стручно усовршување на библиотечниот кадар и можности за стекнување на стручни звања во струката. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани