2win800x200

 

Интегрално ја пренесуваме прес конференцијата на Ивона Труфунов од СДСМ Битола:

„Три дена трае хистеријата на ДПМНЕ Битола за директорот на битолскиот затвор Драган Крајовски, воедно и претседател на ОО СДСМ Битола, ама никако да фатат корен глупостите што од партиската говорница ги чита член на ИК на ДПМНЕ која сеуште се надева на пратенички мандат.

Дали ДПМНЕ Битола ги слуша шпекулациите за состојбите во битолскиот затвор од поранешниот секретар на Општина Битола, Слободан Бончановски кој таму издржува казна затвор од пет и пол години за злоупотребите со бесплатниот ученички превоз?
Дали во ДПМНЕ Битола ги побркале информациите за условите во прилепскиот со условите во битолскиот затвор? Поранешниот градоначалник од ДПМНЕ, Владимир Талески, издржува казна затвор од седум години, ама тоа што им го кажува на сопартијците е за Прилеп, не за Битола.
Сѐ што треба да знаат за битолскиот затвор во ДПМНЕ Битола, е дека тој е реновиран, токму во времето на Драган Крајовски, и ги очекува сите сторители на кривични дела што се кријат во нивните редови. А, ги има на претек.
- Лидерот на ДПМНЕ Битола и директор на Водовод има две кривични пријави за злоупотреба на службената положба.
- Поранешен секретар на ДПМНЕ Битола е осуден на казна затвор во траење од пет месеци за кривично дело “Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот”.
- Актуелен советник од ДПМНЕ е осуден на осум месеци казна затвор за злоупотреба на службената положба и овластување.
- Службеник во Општина Битола, симпатизер на ДПМНЕ, е осомничен за мито и пред неколку дена излезе од притвор во битолскиот затвор.
Почитувани од ДПМНЕ Битола,
За една и пол година власт, најголемиот успех што го постигнавте со Коњановски на чело се кривичните пријави што ги заработија ваши истакнати функционери и поддржувачи. Заради ова, сакате во јавноста да наметнете претстава дека сите сме исти. Ама, не е така.
Директорските смени што ќе следат во неколку јавни претпријатија во Битола за кои некој ви шепнал, и самите знаете многу добро дека се неповрзани со вашите небулози. Тоа се партиски одлуки со кои вие немате допирна точка. Истото не може да се каже за рокадите што ги правите на директорските места во јавните претпријатија во Битола. Во една година сменавте по двајца директори во Комуналец, Пазари и Паркинзи, ама никако да ви тргне работата. Наместо да се расправате со опозицијата, свртете се кон себе. Битола ја покрадовте и уназадивте и ништо од ветувањата не реализиравте!

Интегрална изјава на Ивона Трифунов, СДСМ Битола:

Кривични Пријави За Службеници И Директори Наместо Проекти За Развој На Битола!

Тоа е реалноста во Битола на чело со градоначалникот Тони Коњановски и неговата ДПМНЕ! Последниот пример со кривичната пријава за поткуп за службеник во Општина Битола е доказ дека Коњановски како прв човек на општинската администрација негува атмосфера за работа во која злоупотреби, мито, корупција и рекет се составен дел.
Коњановски ја наметна културата на неказнување и ова што денес го сведочиме е резултат на тоа. Градоначалникот повеќе од една година го толерира и ништо не презема против директорот на Јавното претпријатие Водовод, Пеце Милевски, кој има две кривични пријави за злоупотреба на службената положба. Пораката е јасна - локалните функционери и службеници кои ќе ги прекршат законите ја имаат партиската и заштитата од Коњановски.
 
Ги повикуваме надлежните институции будно да ги следат процесите во општината и да постапат по сите сегашни и идни дојави за незаконско работење во општината и јавните претпријатија. Градоначалникот Тони Коњановски, пак, конечно да се охрабри и да го разреши директорот на Водовод, Пеце Милевски со што ќе порача дека незаконското работење нема да го толерира, дури и кога станува збор за локалниот лидер на ДПМНЕ во Битола! Само така Коњановски на дело ќе покаже дека не поддржува незаконско работење во општината и во јавните претпријатија под општинска капа!“

СДСМ Битола изразува благодарност до сите советници што го поддржаа предлогот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола за разрешување на членовите на Управните и Надзорните одбори во шесте битолски јавни претпријатија кои работат недомаќински или со загуба или, пак, не работат во интерес на граѓаните, туку на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ!

Членовите на управните и надзорните одбори во Водовод, Комуналец, Пазари, Паркинзи, Жабени и Културно-информативниот центар се подеднакво одговорни за катастрофалното работење како и директорите назначени од градоначалникот Тони Коњановски!

Најголемиот виновник за состојбите во Битола е токму градоначалникот Тони Коњановски кој со месеци молчи и ништо не презема додека пред очите му се случува колапс на Битола. Коњановски, заради мир во сопствените партиски редови, скоро две години ги штити и брани директорите кои ги претворија претријатијата во загубари. Коњановски избра да слугува на ВМРО-ДПМНЕ, а не да работи во интерес на Битола!

Затоа, разрешувањето на Управните и Надзорните одбори во Водовод, Комуналец, Пазари, Паркинзи, Жабени и Културно-информативниот центар е единствениот чекор кој може да го преземе Советот во моментов, пред да биде предоцна за спас на претпријатијата од кои зависи секојдневниот живот на битолчани, стои во соопштението на СДСМ Битола. 

 

Коњановски да ги повлече неисправните решенија за данок на имот и да не ја замајува јавноста со цитирање на закони, изјави Жаклина Наумовска , советничка од СДСМ. 

„Коњановски една и пол година откако е стапен во сила новиот закон не успеа да ја прилагоди евиденцијата за имотот на граѓаните. Ние не ги оспоруваме членовите од законот кои ги цитира Коњановски, туку прашуваме зошто тој не ги почитувал тие членови и зошто навремено не ја извршил обврската за усогласување на фактичката состојба на имотот на граѓаните на Битола и наместо данок на граѓаните им одреди арач. Коњановски цитира одредби од законот, ама не ја цитира одредбата од член 39 според кој регистарот на недвижен имот е база на податоци што ги води општината и во согласност со Законот за општа управна постапка регистарот ги содржи имињата и адресите на даночните обврзници, вкупната вредност на земјиштето и зградите, вредноста на имотот, даночните стапки и решенијата за платен данок. Општината ги доставува податоците до Централен регистар и до Управата за јавни приходи, а не како што вели Коњановски, ги презема од Централен регистар.
 
Тоа што е уште потрагично, за својата неспособност Коњановски ги обвинува граѓаните на Битола кои, наводно, не пријавиле измени навреме, а притоа не гледа дека членовите за пријава кои ги цитира од законот се однесуваат на сосема друго. Повеќе од јасна е политиката на Коњановски - за својата неспособност секогаш бара вина кај други. Во овој случај, според Коњановски, граѓаните се виновни.Затоа, наместо да сее магла, уште еднаш го прашуваме Коњановски:
- Како тоа на сопствениците на деловни објекти во кои работаат повеќе од 20-тина години им се доставуваат решенија со трипати повисоки износи, како да се празни?
- Зарем не гледа Коњановски дека на чекор до неговата канцеларија секојдневно има редици на граѓани? И сите тие според него се несовесни?
- Колку граѓани досега реагирале на грешно издадените решенија за данок на имот?
- Што ќе се случи со граѓаните доколку во рок од 30 дена, од било кои причини, се спречени да побараат општината да ја ,,исправи својата грешка“ ако се има во предвид дека согласно правната поука во решенијата потпишани од Коњановски жалбата не го одложува плаќањето, а рок за тужба до Управен суд е 30 дена?
Го повикуваме Коњановски да ги повлече решенијата за данок на имот кои се спротивни на законот, да не ги малтретира граѓаните и да не ги изложува на дополнителни трошоци. Битолчани не треба да плаќаат за неспособноста на Коњановски и лакомоста на ДПМНЕ“, изјави Наумовска.  

Го пренесуваме соопштението интегрално:

„Грабежот на буџетот “во режија” на градоначалникот Тони Коњановски ги надмина сите очекувања. Коњановски и ДПМНЕ бесрамно делат огромни суми на пари од општината на свои сопартијци и блиски, а познати и признати битолски уметници добиваат што ќе остане.

Со ретки исклучоци, како што е реномираната манифестација “Незаборав”, на познати битолски изведувачи и уметници им се доделуваат трошки, а на партиски другари и блиски лица до ДПМНЕ се доделени најголемиот дел од парите.

Во светот на Коњановски и ДПМНЕ, распределбата на средствата од буџетот за култура изгледа вака:

- 200.000 денари за партиската седенка на ДПМНЕ во Офицерски, Баница 1903, на која почесен гостин беше Христијан Мицкоски,

- Васко Мавровски за својот театар побарал 200.000, добил 150.000 денари,

- Мавровски ќе добие и 70.000 денари за Светска уметничка конференција,

- Здружението Мустафа Кемал Ататурк на активистот на ДПМНЕ, Шенол Мемиш побарало 80.000, добило 60.000 денари,

- Истото здружение ќе добие плус 60.000 за второт издание на тријазичната монографија “Мојот град”,

- 200.000 денари за Здружение на филмски продуценти Скопје,

- 180.000 денари за Фитилот договорува на Зоран Пејковски

- Тоше Ивановски, вработен во општина, за Локум фест побарал 600.000, добил 200.000 денари

- 150.000 денари за Еден поинаков историски час на Александар Јаневски од Патриотскиот институт на ДПМНЕ,

- Друштво на писатели, претседател Зоран Пејковски побарало 170.000 денари, ќе добие 100.000 денари

- Колонијата Де Ниро побарала 250.000, ќе добие 150.000 денари.

За разлика од партиските активисти и симпатизери на ДПМНЕ, на другите апликанти Коњановски додели:

- 30.000 денари за 11 октомври на Здружение на борци, а здружението барало 87.000,

- Организација на жени – 9.000 денари,

- Француската алијанса за Солстис побарала 300.000 денари, а добила само 60.000 денари

- Хроничарот на Битола, Петар Ставрев, побарал 100.000 денари, му одобриле само 20.000 денари,

- Билјана Дамјановска и Сефедин Бајрамов за јубилејниот концерт ќе добијат само 100.000 денари,

- Боемите за концерот 35 години од постоењето на групата ќе добијат само 50.000 денари.

Парите за културни настани што во најголем дел ќе завршат кај членови и симпетизери на ДПМНЕ се скоро три пати повеќе од вкупната сума што Коњановски и ДПМНЕ ја дадоа за субвенции за клима уреди!!!

СДСМ на 13.12.2022 година искористувајќи го деловничкото право се обрати до градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски со Барање за целосна информација во врска со потрошените средства за култура и културни настани организирани од Општина Битола во 2022 година. Од тогаш поминаа скоро пет месеци, а информација нема. Што крие Коњановски?

СДСМ бара градоначалникот да се охрабри и конечно да одговори на барањето на советниците од СДСМ.

Исто така, бараме да се образложат критериумите според кои била одредена висината на парични средства на апликантите за културните настани во 2023 година. Битола, во времето на Владимир Талески, ја виде премиерата за грабежот на буџетот под плаштот на културни настани. Со Коњановски и ДПМНЕ гледаме реприза. За една година потрошени 30 милиони евра буџет, а никој не знае за што и каде завршија парите на битолчани!

Линк до целосната листа : https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2023/03/Lista-na-odobreni-aplikacii-24.03.2023.pdf?fbclid=IwAR2xSEWpq-HpoXOhNko51r8_kURXty8VyVENCSVgmNL6HxGIyXpYjvOnxU0

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани