
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пишува: Весна Коловска
Анализираме текст објавен на bregalnicki.mk под наслов „Проектот за хидросистемот “Злетовица” заборавен од власта на СДСМ, ќе заживее од првиот ден од доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ“, наслов кој што сам по себе констатира.
Пишува: Шефкије Аласани
Написот со провоцирачки наслов Албанскиот премиер му оддава почит на Имер Имери и Борис Трајковски (ФОТО), е објавен на информативниот портал ТетоваСот на 28 јуни 2020 година. За време на предизборната кампања ова вест со тенденциозен наслов е објавена во рубриката „Вести од земјата“.
Пишува: Ардит Рамадани
Рецензираните вести, прикажуваат разни навреди и обиди за омаловажување на пратеници на една политичка партија.
Написите се напишани на ист ден и се однесуваат на истиот настан. Се работи за еден настан во парк организиран од партијата „Алтернатива“. Во првиот напис, авторот се позанимавал со облеката на кандидатот за пратеник во шестата изборна единица, Хисни Исмаили, повикувајќи се на „Кодексот на облекување“ кој реално не постои, барем не за дружење и пикник во парк со сопартијците.
Пишува: Жаклина Цветковска
Тенденциозен, ироничен и навредлив наслов Ленче Ристова солзи рони за СЈО, денес ни е последен ден од лапањето и рекетирањето бизнисмени е објавен на порталот dokazmakedonija.mk, на 30.06.2020 година, како најава за текст во кој е пренесена изјава на обвинителката Ленче Ристоска, споделена на социјалните мрежи, по повод последниот работен ден на СЈО.
Пишува Ване Трајков
Коментаторски и етикетирачки е презентирана информацијата на порталот Лидер објавена под наслов ,, И официјално збогум СЈО, добредојде за обвинителите под капата на Заев’’ откако Законот за Јавно обвинителство донесен во февруари годинава, стапи на сила денеска. Во информацијата ниту има официјални изјави ниту пак има експертски ставови за законското решение туку само ,,голо’’ и ,,навивачко’’ коментаторство со прашања и одговори на непотпишан автор и етикетирање на обвинителите дека работат под инструкции на екс премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев.