2win800x200

Дворот на ученичкиот дом „Мирка Гинова“-Битола,  доби дваесеттина   садници од бор  во рамките на акцијата на ЈП „Коминалец“ - „За зелена Битола“.  Слободните зелени површини според претходно направени планови ќе бидат засадени со нови садници. Наскоро се очекува борчиња да бидат засадени и во паркот кај Офицерскиот дом во Битола и паркот во близина на ОУ „Стив Наумов“, на влезовите  на Битола како и на други локации. По ова ќе следува и холтикултурно уредување на парковите и поставување на клупи и урбана опрема.  

Откорнети се борчиња од жардиниери поставени на битолското Шеталиште. Ваквиот вандализам предизвика критики од битолчани кои рекреираат во овој дел од градот. Тие велат дека иако се работи за неколку дрвца, секое стебло е добредојдено во градот кој мака мачи со аерозагадувањето.

Во градот кадешто аерозагадувањето е топ-тема и секој ден се дискутира за неа или се пишуваат статуси на Фејсбук, вандали истуркаа десетина новозасадени елки во Нова Битола. Беа засадени пред еден месец во рамките на проектот на Општината, наречен „За зелена Битола“.

Почна акцијата „За Зелена Битола“ со која ќе бидат засадени  3000 садници на различни локации  низ градот. Јавното претпријатие „Комуналец“  денеска уредуваше простор  меѓу згради во Нова Битола, во близина на училиштето „Климент Охридски“. Покрај новите садници, во наредниот период ќе се постави и урбана опрема на оваа локација.

ЈП Комуналец во соработка со Општина Битола и АД ЕЛЕМ Скопје – Подружница Битола, започнуваат со реализација  на проектот насловен „За зелена Битола“. Со проектот предвидено е засадување на 3000 стебла садници, со што ќе се збогати зелениот фонд во општината, а истовремено се преземаат и конкретни мерки против загадувањето.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани