2win800x200

Оштетена е една од плочите на постаментот од  меморијалниот споменик "Ангел" лоциран кај Градскиот часовник. Засега не се знае дали споменикот е намерно оштетен или пак плочата се одлепила сама. 

Општината Битола и Амбасадата на Италија во Македонија го осудуваат вандалскиот чин на сквернавење на споменикот подигнат во чест на скоро педесет илјади италијански борци кои, заедно со Британците, Французите, Србите и Грците, се бореле на македонска територија за време на Првата светска војна.

Скулптура на коњ поставена е во мариовското село Градешница, а посветена на сите жртви од Првата светска војна. Споменикот е донација на уметникот и склулптор Златко Бојковски кој живее во Скопје, но роден е во  Градешница. Скулптурата е изработена за да се одбележат 100 годишнината од завршувањето на Првата светска војна. Бојковски ја изработувал три години од шрапнели од бомби кои ги собирал на Кајмакчалан и Добро Поле на местата каде се водел Солунскиот фронт. Откако го завршил делото, побарал да се постави во неговото родно село. Споменикот беше откриен денес во присуство на градоначалникот на Новаци Љубе Кузманоски.

Во Градскиот парк во Битола  се подига споменик за италијанските војници кои се бореа на Макeдонскиот фронт 1916-1918 година. Постаментот со спомен плочатa и партерното уредување се веќе направени  и се чека денот кога свечено ќе бидат претставени пред јавноста, иако на споменикот пишува„ Битола, декември 2018“.ffff

Спомен обележје за загинатите војници и цивили во Македонискиот фронт по повод сто години од крајот на Првата светска војна беше отскриено денес во новачкото село Брод.

Градоначалникот на Новаци Љубе Кузманоски рече дека споменикот ќе биде сведоштво за минатото, но и потсетник за во иднина заеднички да градеме мир.

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани