2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

 

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува жителите на градот Битола дека на 30.06.2024 (недела), во периодот од 07,00 до 13,00 часот, по повод канонизацијата на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска, која ќе се одржи во Соборниот храм „Св. великомаченик Димитриј“ во Битола, ќе биде воведен изменет режим на сообраќај по улиците: „Довлеџик“, „Бул. 1-ви Мај“ (и од двете страни), дел од ул. „Широк сокак“, „11-ти Октомври“, „Кирил и Методиј“, „Славко Лумбарковски“, „Јорго Османо“, „Стерјо Георгиев“ и „Цар Самоил“.

                 Секторот за внатрешни работи Битола апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за изменетиот режим на сообраќај со цел безбедно одвивање на сообраќајот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани